Сценава не е уникатна, ама е еднакво иритантна - пешкири оставени на плажа од рана зора или во текот на целата ноќ со единствена цел - да се зачува добра позиција.
Фотографијава е од плажа во Црна Гора, а е објавена на страницата „Подгорички времеплов“.
„Утрово, 7:00 место нема, ама нема ни луѓе. Тоа се вика ран букинг“, пишува под фотографијата.
А коментарите?! Разно -разни. Од совети да се фрлат пешкирите во море, до искажување незадоволство од високите цени по угостителските објекти и за лежалки...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата