„Криминалците кои му го одзедоа животот на невин човек, кој служеше во државна униформа на силите на редот на Република Косово, мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, порача Рама на социјалната мрежа Икс (Твитер). Тој додаде дека евроатлантската заедница мора да ги врати Приштина и Белград на маса и дијалог за нормализација на односите.
„Свикувањето на вонредна мировна конференција, под надзор на Европската унија и САД, и истовремено преземање на сите вонредни мерки со КФОР, со цел да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата, се стратешка неопходност не само за редот и безбедноста на Косово денес, но и за мирот и иднината на регионот, пред продолжената криза на северот на Косово да излезе од контрола и да се претвори во дестабилизирачки оган за целиот регион“, рече Рама.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата