logo
logo
logo

Рама е против апсењето на Велиај, но со поддршка за СПАК , Бериша најавува негово укинување

Vecer | 18.02.2025

Рама е против апсењето на Велиај, но со поддршка за СПАК , Бериша најавува негово укинување

Албанскиот премиер Еди Рама  ја повтори поддршката за Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК и  правосудниот систем, но изјави дека е против апсењето на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај и одредување затворски притвор без судење.

Во неговиот поткаст  „Очи во очи“,  го иронизираше лидерот на Демократската партија,  Сали Бериша, нарекувајќи го "Буф од мочуриште".

- Како политичар ја завршив својата должност да ја спроведам реформата во правосудството. Во тоа е разликата меѓу СП денес и ДП вчера, која го уапси поранешниот прв човек на СП, Фатос Нано, рече тој.

Според него критичкиот глас е неопходен таму каде што правосудните органи ги надминуваат овластувањата или каде што има неправилности, но, СПАК, рече Рама, го поддржуваме и ќе функционира и понатаму.

Тоа всушност е одговор на најавата на Бериша дека " доколку победи на парламентарните избори на 11 мај СПАК ќе го укине", обвинувајќи ја оваа институција дека "апси само лидери на опозициски партии"./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk