logo
logo
logo

„Радар“: Заменик-директорот на српската полиција замина во предвремена пензија

Vecer | 25.10.2025

„Радар“: Заменик-директорот на српската полиција замина во предвремена пензија

Шашиќ, кој до неодамна беше заменик-началник на Управата за криминалистичка полиција, како и други раководители во МВР на Србија, заминале во предвремени инвалидски пензии.

„Радар“ додава дека на почетокот на август, Шашиќ „бил нападнат“ од провладините таблоиди, откако тие објавиле дека се сретнал во белградски ресторан со Ивана Поморишки, раководителка на Третото основно јавно обвинителство во Белград.

Во февруари, помошникот на директорот на полицијата бил одликуван од претседателот Александар Вучиќ, по повод Денот на државноста на Србија.

Потоа Вучиќ свечено му го врачил „Орденот за заслуги за одбрана и безбедност од трет степен за натпросечно, примерно и чесно извршување на должностите и задачите во областа на одбраната и безбедноста“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk