logo
logo
logo

Првиот контингент американски борбени возила Бредли пристигна во Хрватска

Vecer | 06.12.2023

Првиот контингент американски борбени возила Бредли пристигна во Хрватска

Станува збор за 22 од вкупно 89 борбени возила кои во наредниот период треба да ги заменат возилата произведени во поранешна СФРЈ.

„Оваа моќна платформа ќе ги зајакне капацитетите на хрватската армија, одбранбената позиција на НАТО во регионот и ќе понуди подобри можности за хрватската армија за обука и партнерство со вооружените сили на САД“, се вели во соопштението објавено на Икс.

Борбените возила ќе бидат транспортирани во погонот за специјални возила „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Славонски Брод, каде што ќе бидат целосно обновени. Обемниот процес на реновирање ќе се состои од погон на возилото, инсталирање нови системи за оружје, бојадисување и проверка, соопшти амбасадата.

Потоа, персоналот на „Ѓуро Ѓаковиќ“ ќе биде обучен и опремен за долгорочно одржување на возилата, а ќе има можност да работи и на возилата Бредли од други партнерски земји. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk