logo
logo
logo

Протест во Атина на лекарите во државните болници

Vecer | 30.11.2023

Протест во Атина на лекарите во државните болници

Нови вработувања, зголемување на платите,  дополнителни средства, подобрување на состојбата во јавното здравство, побараа, меѓу другото, лекарите во грчките болници за време на денешниот протест во Атина, во рамките на нивниот 48-часовен штрајк, јави дописничката на МИА од Атина.

Лекарите организирани од нивниот Синдикат одржаа собир пред Министерството за здравство каде што говореа за нивните барања, а потоа следеше протестен марш низ улиците во Атина до грчкиот Парламент.

Упатија пораки дека нема да се откажат од нивните барања, а за попладево е закажана средба на претставници на синдикатот со министерот за здравство на Грција.

Протестот заврши мирно и беше во рамките на 48-часовниот штрајк на лекарите што започна вчера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk