logo
logo
logo

Протест пред владата на Црна Гора поради масакрот во Цетиње: Рацете ви се крвави

Vecer | 03.01.2025

Протест пред владата на Црна Гора поради масакрот во Цетиње: Рацете ви се крвави

Според проценките на црногорските медиуми, околу илјада демонстранти вечерва се собраа пред зградата на црногорската влада за да протестираат против трагедијата што го снајде Цетиње на 1 јануари поради масовното убиство во тој град, додека се одржуваше седница на Советот за национална безбедност во зградата на Владата, објави Индекс.

Демонстрантите побараа одговорност и смена на целото раководство во безбедносниот систем.

Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Рацете ви се крвави“, „Системот ви е скапан“ и „12 минути молк“ и извикуваа „Убијци, излезете“ и „Оставка“.

Тие ги извикуваа и имињата на жртвите од трагедијата што се случи во средата во Цетиње, кога Ацо Мартиновиќ од Цетиње уби 12 лица.

Демонстрантите особено ги испровоцира појавата на десетици полицајци пред зградата на црногорската влада. Во тој момент демонстрантите почнаа да извикуваат „Каде бевте на 1-ви јануари“, „Во дупки, срам да ви е“, „Бандо“.

Во црногорските медиуми претходно беше објавена информација дека во моментот на трагедијата во Цетиње, град со околу 16.000 жители, имало само 9 полицајци.

Ацо Мартиновиќ од Цетиње во средата уби 12 лица, а четворица тешко рани во крвав напад на Цетиње. Меѓу жртвите има и две деца.

Нов протест во недела во Цетиње и Подгорица најави неформална група студенти „Каде до утре?“.

Синоќа во повеќе црногорски градови беа запалени свеќи во чест на жртвите од масакрот во Цетиње.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk