Здружението како што пишува „Струма Бг“, било формирано на 3 декември минатата година, а десетина дена подоцна било поднесено барање за регистрација до надлежните бугарски органи, кои како што се наведува, ја одбиле регистрацијата поради неправилностиво документацијата.
Од здружението потоа поднеле жалба во која навеле дека причината според нив е поради македонската самосвест и самоопределување на основачите со што им се оневозможува правото на здружување и се нарушува член 11 од конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи.
Сепак, окружниот суд во Благоевград денеска потвторно ја одбил регистрацијата образложувајќи дека статутот на здружението не ги исполнувал условите, односно не содржел јасни правила за членство...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата