logo
logo
logo

Пронајдено телото на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Vecer | 25.09.2023

Пронајдено телото на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Обвинителството на Косово потврди денеска дека го пронашло мртвото тело на уште еден од осомничение напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во северно Косово, се искачи на четири, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мртвото тело на напаѓачот е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од десетици вооружени лица ја нападна косовската полиција.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој рече дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.

- Се обидуваме да го легитимираме бидејќи во моментот немаше никакви документи за идентификација со себе, рече Абази. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk