logo
logo
logo

ПРОМЕНЕТ УСТАВОТ НА СРБИЈА, следат предвремени парламентарни избори

Vecer | 09.02.2022

ПРОМЕНЕТ УСТАВОТ НА СРБИЈА, следат предвремени парламентарни избори

Собранието на Србија прогласи промена на Уставот во областа на правосудството, која беше изгласана на референдумот.

Седницата на Собранието се одржа во 17 часот, а беа прогласени Законот за промена на Уставот на Србија и Уставниот закон за спроведување на Законот за промена на Уставот на Србија.

Се работеше за свечена седница, па гардата беше поставена пред домот на народното собрание, а на седницата беше интонирана и химната на Србија. На седницата присуствуваа премиерката Ана Брнабиќ и членовите на нејзиниот кабинет, претставници на дипломатскиот кор како и претставници на судството.

Како што претходно беше најавено, следната недела се очекува да бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Се пропишува актот за изменување и дополнување на Уставот да стапи во сила кога ќе го прогласи Народното собрание.

На републичкиот референдум со заокружување на одговорот „да“ гласале 1.189.460 гласачи или мнозинството од излезените, па актот се смета за донесен.

„Сакам уште еднаш да им се заблагодарам на сите кои учествуваа во огромната работа на уставните измени. Србија направи голем чекор напред во областа на владеењето на правото и е во длабок интерес на Србија и нејзините граѓани. Им благодарам на граѓаните што гласаа“, рече Дачиќ.

Народното собрание на осмата вонредна седница го прогласи и Уставниот закон за спроведување на актот за промена на Уставот.

„Тоа ќе остане како сведоштво за ова свикување на Народното собрание, дека е редок пример дека актуелната власт се откажа од дел од своите овластувања, особено кога се работи за кадровски прашања, вредноста е дотолку поголема“, рече Дачиќ. .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk