logo
logo
logo

Претседателот на српскиот Парламент: Насилството му одговара само на Курти

Vecer | 24.09.2023

Претседателот на српскиот Парламент: Насилството му одговара само на Курти

„Ако ќе зборуваме за оние кои се ништо друго освен тоа, тогаш ја видовте и реакцијата на Албин Курти, кој веднаш почна, побрза прво да ги обвини Србите, да каже дека тоа е некаква организирана акција и дека тоа го извршиле некои професионалци, тој мора лично да ги легитимирал во меѓувреме, па да знае кои се и што се, па сѐ ви е јасно“, изјави Орлиќ.

„Но, ако зборуваме за тоа кој е одговорен за било каков вид насилство - тоа е исклучиво Албин Курти и тоа сите го знаат. И сето она што тој го направи во претходните месеци со најбруталниот можен терор што го вршеше врз голиот српски народ. Тоа го направи токму затоа што сакаше отворена ескалација и затоа што сакаше да предизвика некакво насилство“, истакна Орлиќ.

Тој посочи дека е јасно кој може да биде задоволен доколку дојде до некаков конфликт, особено ако станува збор за човечки жртви.

Инаку, косовската полиција соопшти дека синоќа на влезот во селото Бањска кај Лепосавиќ било пукано врз нејзини припадници и дека еден од нив бил убиен.

Претставниците на привремените институции во Приштина за ова обвинија „криминални групи поддржани од Србија“, како што наведоа, пренесува српски Телеграф.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk