logo
logo
logo

Прекината е потрагата по 3- годишното девојче, кое мајката го фрлила во реката Сава кај Загреб

Vecer | 15.01.2025

Прекината е потрагата по 3- годишното девојче, кое мајката го фрлила во реката Сава кај Загреб

Овој немил настан предизвика тревога во Загреб, а во потрагата беа распоредени бројни екипи на итната помош, полиција, болничари и хрватската национална служба за управување со катастрофи и вонредни состојби, како и термални камери за да го најдат детето.

Мајката на девојчето е под полициски надзор, објави порталот 24sata.hr.

„Денеска во 16 часот и 10 минути добивме дојава за потреба од потрага по лице. Веднаш решивме да започнеме акција за пребарување со два чамци, џет ски, дрон и термална камера. Баравме по коритото на реката Сава. Потрагата за денеска е прекината поради тешките временски услови“, изјави водачот на спасувачката екипа и продолжи:

„Условите се тешки и напорни, темно е. Сава е доста брз денес. Доста е заморно. Ја имаме сета потребна опрема“, вели Дражен Павлиќ, водач на нуркачкиот тим на Град Загреб.

Подигнат бил и хеликоптер за пребарување на тешкиот терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk