Полицајци се распоредени пред службениот влез на Собранието.
Голем број продавници низ Белград се затворени, јавија белградските медиуми.
Пратениците и советниците од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад - Белград, објави потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.
„Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите. Го блокиравме автопатот Нови Сад - Белград“, се вели во објавата на Мариника Тепиќ на социјалната мрежа Х.
Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада.
„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм.
Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата