Тој вели дека операцијата на еден пациент била завршена доцна во ноќта и дека лекарите го продолжуваат потребниот третман за да се постигне најдобар исход, пренесува Вијести.
„По повод тешката трагедија во Цетиње, изразувам длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Цетиње, како и цела Црна Гора, беа обвиени во црно по застрашувачкото масовно убиство, меѓу кои и две деца. Во моментите на застрашувачкиот настан, здравствениот систем со брза реакција ги стави на располагање сите потребни ресурси, а од моментот на сознанието за стореното кривично дело беа преземени сите активности за лекување на повредените и нивно транспортирање до Клиничкиот центар на Црна Гора, каде тимови од лекари и медицински персонал се уште се борат за нивните животи“, рече Шимун.
Тој рече дека здравствениот систем во наредните денови ќе им ја пружи сета неопходна психолошка помош на семејствата на загинатите и повредените, како и на сите на кои им е потребна помош.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата