logo
logo
logo

Повторно прекината конститутивната седница на новиот Парламент на Косово

Vecer | 19.04.2025

Повторно прекината конститутивната седница на новиот Парламент на Косово

Претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Парламентот на Косово, Авни Дехари, го прекина денешното заседание откако кандидатката на Самоопределување за претседател на законодавниот дом Албулена Хаџиу не ги доби потребните 61 глас во вториот круг од гласањето.

По паузата, пратениците на Самоопредување на Албин Курти, повторно ја предложија Хаџиу за претседател на Парламентот, но како и при првото гласање таа доби 57 од потребните 61 глас.

Седницата беше прекината за 48 часа, до понеделник во 15 часот.

Како што објавија косовските медиуми, за изборот на Хаџиу гласаа сите пратеници на Самоопределување и повеќето од пратениците од малцинските несрпски заедници. Против беа пратениците на Демократскиот сојуз на Косово, воздржани пратениците од Социјалдемократската иницијатива, а на гласањето не учествуваа пратениците на Демократската партија на Косово, Алијансата за иднината на Косово и на Српската листа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk