logo
logo
logo

Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан

Vecer | 13.07.2025

Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан

Полесно повредени се 12 лица, откако доцна синоќа паркиран џип на нагорнина, веројатно затоа што не била подигната рачната сопирачка, почнал да се движи и удрил во летната тераса на ресторан полн со гости во центарот на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите, инцидентот се случил кусо пред 1 часот по полноќ во моменти кога во ресторанот имало околу 30-ина гости, а сопственикот на џипот пристигнал пред ресторанот и побарал од лицето задолжено за паркирање на возилата да го паркира и  кој веројатно не ја подигнал рачната сопирачка.

Џипот бил паркиран на нагорнина, во непосредна близина на ресторанот и почнал неконтролирано да се движи во рикверц со резултат полесно да бидат повредени 12 лица, кои веднаш биле пренесени во болница.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk