Тие се товарат за кривично дело „неспроведување на одлуката на високиот претставник“ на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит. Обвинителството на Босна и Херцеговина го поднесе обвинението пред 20 дена, но судот го врати на ревизија. Во меѓувреме, барањето на Додик за изземање на судијката Јасмин-Ќосиќ Дедовиќ беше одбиено.
Додик уште еднаш повтори дека не го признава високиот претставник Кристијан Шмит и дека тој не е добредојден во Република Српска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата