logo
logo
logo

Потера во Грција- се бара Албанец, кој си ја убил жената пред четирите деца и избегал

Vecer | 22.08.2025

Потера во Грција- се бара Албанец, кој си ја убил жената пред четирите деца и избегал

Бруталниот злостор се случил во Волос, а по убиството Албанецот избегал.

Драмата се одвивала во станбена зграда каде што живеело семејството од Албанија. Расправијата започнала во нивниот стан, а двојката се спуштила до влезот на зградата каде што продолжиле да се расправаат. Потоа мажот ја убил сопругата со остар предмет и веднаш го напуштил местото на злосторството.

Шокантната информација е дека мажот го започнал смртоносниот напад врз жената во станот, пред четирите деца на возраст од 5 до 18 години. Едно од малите дури и ѝ рекло на полицијата: „Го видов татко ми како ја боде мајка ми со нож“.

Според наводите, несреќната жена се здобила со убодни рани во грбот и вратот. Наводно прво ја избодел додека сè уште биле во станот, а потоа продолжил да ја боде во влезот. Властите истражуваат дали жената паднала низ стаклото на влезот или била турната од сторителот, бидејќи стаклото на влезната врата било скршено.

Сторителот, градежен работник по професија, истрчал од зградата и избегал, а полицијата го бара.

Овој дел од Волос е блокиран од силни полициски сили, додека амбулантни возила и форензички екипи се на местото на настанот.

Според информациите од Катимерини, немало претходна историја на семејно насилство, меѓутоа, сторителот бил корисник на дрога и се обидел да се самоубие во јуни. Истрагата е во полн ек, додека властите ги испитуваат причините што довеле до новиот фемицид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk