logo
logo
logo

Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи

Vecer | 06.02.2025

Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи

Нападот се случил синоќа околу 21 часот и случајот е пријавен во полиција која трага по сторителите. Истражниот судија нападот го оквалификува како кривично дело телесна повреда.

Мектиќ за порталот Кликс изјави дека напаѓачите биле маскирани и го пресретнале на влезот од зградата во која живее.

Мектиќ, вели, се враќал од вечера со семејството. Тој нагласува дека нема апсолутно никакви проблеми со никого, ниту пак добивал закани.

- Забележав возило како ми се „лепи“, а потоа ме претекнува на остра кривина. Ми се виде малку чудно. Кога стигнав пред зградата и го паркирав автомобилот, се упатив кон влезот и ме сретнаа две маскирани лица со „фантомки“, објаснува Мектиќ.

Тој вели дека веднаш го нападнале и почнале да го удираат со тупаници по главата. Кога паднал на подот, продолжиле да го удираат.

Носев чанта и мислев дека сакаат да ме ограбат, но ништо не зедоа. По нападот побегнаа, додаде тој.

Полицијата сега извлекува снимки од надзорните камери од поширокото подрачје со цел да го идентификува напаѓачот.

Дежурниот обвинител нападот врз Мектиќ го оквалификува како кривично дело телесна повреда и нареди понатамошна истрага. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk