logo
logo
logo

Поплави и проблеми на грчкиот остров Лезбос

Vecer | 11.11.2025

Поплави и проблеми на грчкиот остров Лезбос

 Поплавени домови и бизниси, затворени училишта, уништена инфраструктура, остави зад себе невремето што вчера го зафати Лезбос, а најпогоден е западниот дел на грчкиот остров, каде што противпожарната служба интервенирала за помош на заглавени лица.

Според локалните медиуми од островот, поради интензивните и продолжени врнежи од дожд десетици домови и бизниси биле поплавени во областите Калони и Скала, водата во одредени случаи стигнала и до еден метар, додека две реки во областа се излеале.

Со одлука на градоначалникот, училиштата во западен Лезбос денеска превентивно ќе останат затворени.

Според порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, најголеми количини на врнежи биле регистрирани на Лезбос и Самос.

Поконкретно, според мрежата на автоматски метеоролошки станици, заклучно со утрово во Мандамадос на Лезбос биле регистрирани 113 милиметри дожд, а од Метео напомнуваат дека еден милиметар дожд одговара на еден литар вода на површина од еден квадратен метар.

Проблеми од обилните дождови имаше и на Пелопонез, но утрово ситуацијата е значително подобрена. /МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk