logo
logo
logo

Поддршка за студентите во блокада од петте најголеми синдикати во Србија

Vecer | 25.03.2025

Поддршка за студентите во блокада од петте најголеми синдикати во Србија

Во соопштение објавено денеска по средба одржана во саботата се нагласува дека лидерите на тие синдикати за првпат по подолго време дејствуват заедно. 

„Обединетите синдикати на Србија „Слога“, заедно со Конфедерацијата на автономни синдикати на Србија, Обединетите гранкови синдикати - Независност, Здружението на слободни и независни синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати, учествуваа на заедничкиот состанок одржан во саботата, на 22 март, на Филозофскиот факултет во Белград, на повик на студентите во блокада“.

Целта е заеднички да работат на измените на Законот за работни односи и Законот за штрајкови. Донесена е одлука за заедничко синдикално дејствување, како и за формирање работна група од правници што ќе работи на конкретни предлози и усогласување на синдикалните барања.

Првиот состанок на работната група ќе се одржи на крајот на оваа недела во просториите на Правниот факултет на Универзитетот во Белград.

„Во оваа прилика уште еднаш ја изразуваме нашата јасна поддршка на студентите во сите нивни барања“, соопштија од Слога. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk