logo
logo
logo

Почнуваат зимските попусти во Грција

Vecer | 13.01.2025

Почнуваат зимските попусти во Грција

Од денеска почнуваат зимските попусти во Грција, што ќе траат до 28 февруари, а претседателот на Индустриската и трговската комора на Пиреја, Василис Коркидис, очекува профитот да биде над шест милијарди евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Големите попусти во Грција, согласно законските одредби се два пати во годината, на почетокот на јануари и на почетокот на јули.

Коркидис, во изјави за грчката новинска агенција АНА-МПА, вели дека целта за малопродажба за во периодот јануари-февруари 2025 година е прометот да биде повисок споредбено со истиот период лани, односно да надмине шест милијарди евра.

Претседателот на комората изразува оптимизам дека ќе има зголемување на продажбата, „главно поради зголемувањето на платите во приватниот сектор за 6,4 отсто и намалувањето на невработеноста на 9 проценти“. 

-Меѓутоа, оваа година треба да настојуваме редовните зимски попусти да ги прошириме во повеќе сектори, особено во услугите, бидејќи поскапувањата во голема мера се префрлени од трговијата кон обезбедувањето услуги, посочува Коркидис. 

Во пресрет на попустите, од Здружението на потрошувачите на Грција ги потсетуваат граѓаните на основните права и на што треба да внимаваат при купувањето, односно дека трговците се обврзани јасно да ги означат оригиналните и новите намалени цени на производите, но и дека во случај попустите и понудите за намалување на цената да се погрешни или збунувачки со цел да ги измамат потрошувачите, тогаш се изрекува казна за трговецот во висина од два отсто од годишниот промет и во секој случај не помала од 20.000 евра. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk