logo
logo
logo

Почина режисерот Здравко Шотра

Vecer | 08.10.2025

Почина режисерот Здравко Шотра

Режисерот и сценарист Здравко Шотра, кој има потпишано повеќе од 120 телевизиски и филмски остварувања со голема гледаност во екс Југославија – и на телевизија и во кино салите – починал ноќеска на 93 години, пренесува РТС.

Предвоениот граѓански и поратниот револуционерен свет, малограѓаните и широкогрудите визионери, историското и индивидуалното, забавното и културното – се елементите што го сочинуваат заводливиот свет на телевизиските серии на Здравко Шотра.

Неговите предвоени дами, бахатите народни трибуни, мајсторите за поправки – но и за душата – со децении живеат според човечка мерка, и покрај историските предизвици, потсетувајќи дека животот е игра, но и нешто повеќе од игра. Затоа и денес, телевизиската публика е маѓепсана од приказните и јунаците од Шотрината мајсторска работилница, која неуморно работи од првите денови на телевизијата.

Здравко Шотра е роден на 14 февруари 1933 година во Стоца. Дипломирал режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во 1954 година, во класата на професорот Вјекослав Африќ. На Телевизија Белград бил вработен од нејзиното основање, во 1958 година, па сè до 2001 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk