logo
logo
logo

Почина поранешниот солунски митрополит Антимос

Vecer | 13.03.2025

Почина поранешниот солунски митрополит Антимос

На 91-годишна возраст почина солунскиот митрополит Антимос кој во август минатата година од здравствени причини си поднесе оставка, а во периодот додека беше поглавар на Митрополијата во Солун доста често на неговите неделни литургии ја споменуваше и нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Роден како Дионисиос Русас, во периодот од 1974 до 2004 беше митрополит на Александруполи, веднаш потоа и солунски митрополит, речиси 20 години, сè до неговата оставка пред седум месеци, а двапати беше кандидат за архиепископ на Грција.

Митрополитот Антимос, за време на неговите неделни литургии имаше обичај да ги коментира политичките случувања во Грција, а често се осврнуваше и на односите со нашата земја, како за време на преговорите за името, така и по потпишувањето на Договорот од Преспа.

Доста често упатуваше остри критики и обвинувања до земјава и беше силен поддржуваш на грчката позиција дека „Македонија е една и грчка“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk