logo
logo
logo

Почина режисерот Михајло Миша Вукобратовиќ

Vecer | 08.09.2025

Почина режисерот Михајло Миша Вукобратовиќ

Познатиот режисер Михајло Миша Вукобратовиќ почина вчера на 73-годишна возраст во болницата КБЦ Земун, соопштија белградските медиуми.

Вукобратовиќ е роден во Белград во 1952 година. Завршил Факултет за драмски уметности во Белград, каде што дипломирал на отсекот за филмска и телевизиска режија.

Тој остави голема трага во историјата на српската телевизија, режирајќи некои од најгледаните и најпознати серии: „Није лако с мушкарцима“, „Отворена врата“, „Бољи живот“, „Бела лађа“, „Породично благо“, „Полицајац са Петловог брда“, „Стижу долари“, „Јунаци нашег доба“, „Истине и лажи“, „Игра судбине“.

Дванаесет години бил директор на Позориште на Теразијама, каде што на сцената беа поставени култните мјузикли „Чикаго“ и „Зона Замфирова“.

Вукобратовиќ беше примен во болница на 28 јуни, откако падна за време на снимање на серија. Според информациите, тогаш добил сериозни повреди на главата и кичмата.

Информацијата за неговата смрт ја пренесоа повеќе портали.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk