Лавчето било „фатено“ како му приоѓа на човек на патот и како вистинско маче се гали околу нозете.
Според првичните информации, лавчето не побегнало од зоолошката градина Палиќ.
Тоа било згрижено набрзо откако било пронајдено, објави српски Телеграф.
На местото на настанот излегле инспектори и полицајци, а на нивна покана дошле и стручни лица од Зоолошката градина Палиќ, во чие засолниште најверојатно животното ќе биде сместено. Според сведокот, животното е питомо, но прилично слабо.
Се работи за женско младенче, старо околу шест месеци.
Инаку, ова не е првото егзотично животно деновиве во Србија. Вчера во Белград е виден мајмун, а претходно се пишуваше за - пантер.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата