logo
logo
logo

По Албанија со Регионалниот форум за азил и миграција ќе претседава Босна и Херцеговина

Vecer | 24.06.2025

По Албанија со Регионалниот форум за азил и миграција ќе претседава Босна и Херцеговина

По една година успешно лидерство, Албанија, под покровителство на Министерството за внатрешни работи, го предава претседателството со Регионалниот форум за азил и миграција на Босна и Херцеговина, објави албанското МВР, по средбата на форумот во Тирана.

„За време на овој мандат, работевме со посветеност на зајакнување на регионалната соработка, споделување на најдобри практики и унапредување на стандардите во областа на миграцијата и азилот, фокусирајќи се на заштитата на човековите права и ефикасното управување со заедничките предизвици", се наведува во објавата.

Овој форум, се оценува, останува важна платформа за соработка меѓу земјите од регионот, а Албанија ќе продолжи да биде активен и посветен партнер во поддршката на одржлив, хуман и координиран пристап кон миграцијата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk