logo
logo
logo

Пленковиќ: Хрватска нема скриена агенда за уривање на која било влада во соседството

Vecer | 30.05.2023

Пленковиќ: Хрватска нема скриена агенда за уривање на која било влада во соседството

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска, откако српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е во интерес на Загреб соборување на неговата Влада, рече дека Хрватска нема скриена агенда за соборување на која било влада во соседната земја, додавајќи дека Белград е премногу оптоварен со пишувањето на хрватските медиуми.

- Хрватската Влада и хрватските институции немаат скриена агенда за соборување на која било влада во која било соседна земја, дури ни во Србија, изјави Пленковиќ денеска пред новинарите по прославата на Денот на државноста кај Споменикот на Татковината.

- Тоа им е јасно на сите. Не знам зошто се замараат со тоа што го читаат во хрватските медиуми или портали. Ако нашите одлуки за односот со соседната земја, а тоа е Србија, ги темелиме врз основа на нивните медиуми, тогаш ретко би зборувале со години, додаде тој.

Пленковиќ, исто така, нагласи дека Хрватска сака да ги подобри односите со сите свои соседи. - На Србија и посакуваме стабилност и да ги решава своите проблеми во рамки на Србија, додаде тој.

Вчера Вучиќ изјави дека Загреб и Приштина се заинтересирани да ја соборат српската влада преку протести, бидејќи тоа ја ослабува Србија, додека она што би им одговарало е „Србија која не сака да го заштити својот народ на Косово и Метохија или што не би била регионален конкурент, туку би била слаба како во времето на Борис Тадиќ“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk