logo
logo
logo

Писмен демарш од Грција до Израел за однесувањето на израелски министер против активистите од флотилата „Глобал Сумид“

Vecer | 03.10.2025

Писмен демарш од Грција до Израел за однесувањето на израелски министер против активистите од флотилата „Глобал Сумид“

По наредба на министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис пред малку беше упатен силен писмен демарш до амбасадорот на Израел во Грција, покрај веќе упатените вербални протести, во врска со неприфатливото и несоодветно однесување на израелски министер насочено и против грчките граѓани кои учествуваа во флотилата „Глобал Сумид“, меѓу кои и член на грчкиот Парламент, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Грција нагласија дека со овој демарш „израелската страна е повикана итно да ги спроведе предвидените процедури и да ги почитува правата на граѓаните“.

- Човечкото достоинство е неповредливо и фундаментално и претставува примарна обврска на секоја држава, посочија од грчкото МНР.

За 27 грчки државјани кои беа дел од флотилата „Глобал Сумид“ и се задржани од израелските власти, од Министерството информираа дека делегација од амбасадата на Грција во Тел Авив, предводена од амбасадорката денеска го посетиле центарот за притвор каде што се Грците со цел да им се пружи сета потребна помош.

Додадоа дека сите грчки граѓани се во добра здравствена состојба, а Министерството за надворешни работи и амбасадата на Грција во Тел Авив обезбедуваат што побрзо да се завршат процедурите за нивна најбрза и безбедна репатријација.

Израелскиот министер за безбедност Итамар Бен Гвир, според „Тајмс оф Израел“ изјавил дека Израел треба да ги држи активистите на флотилата во затвор неколку месеци, наместо да ги депортира во нивните земји. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk