logo
logo
logo

Пијан возач во Загреб е казнет со над 5.000 евра и шест месеци затвор - имал дури 3, 37 промили алкохол во крвта

Vecer | 03.08.2025

Пијан возач во Загреб е казнет со над 5.000 евра и шест месеци затвор - имал дури 3, 37 промили алкохол во крвта

Вчера околу 13:40 часот, возачот (59) возел на југ по Савска цеста во Загреб, каде што сообраќаен знак забранува движење на сите моторни возила, освен за возила од јавен превоз и такси, објавува Danica.hr.

Полицијата утврдила дека тој возел под дејство на алкохол со содржина на алкохол во крвта од 3,37 промили и без возачка дозвола, која му била одземена поради неположено итно медицинско испитување. Пијаниот возач бил уапсен и ставен во службен притвор додека не се отрезни.

Следниот ден, ил однесен во судот за прекршоци со предлог да му биде изречена казна затвор од 60 дена и шестмесечна забрана за возење.

Судот го прогласил за виновен и му изрекол парична казна од дури 5.060 евра, открила полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk