logo
logo
logo

Внимание: Лажни СМС пораки во име на „Паркинг сервис“ Нови Сад

Vecer | 02.09.2025

Внимание: Лажни СМС пораки во име на „Паркинг сервис“ Нови Сад

Последните денови, некои граѓани на Нови Сад кои се корисници на услугите на ЈКП „Паркинг сервис“ добиваат СМС пораки од непознат испраќач кој лажно се претставува во името на ова јавно претпријатие. Пораките се појавуваат како да се испратени од скратениот број 8212 преку кој се плаќаат услуги за паркирање во сината зона.

Во сомнителната порака стои текст: „Полициcко известување: имате неплатена сообраќајна казна од 114,16 динари“. На крајот од пораката е вклучен и сомнителен линк за кој граѓаните се предупредуваат да не го отворат, бидејќи може да биде средство за измама или злоупотреба на лични податоци.

Од Паркинг сервис Нови Сад соопштуваат дека тие не се испраќачи на овие пораки и дека единствените пораки кои ги испраќаат кон своите корисници од нивните скратени броеви содржат само информации и одговори во врска со наплата на паркинг, и тоа секогаш како повратен одговор на барање од страна на корисникот.

Компанијата дополнително истакнува дека Министерството за внатрешни работи – Одделението за високотехнолошки криминал е веќе информирано за случајот.

Извор: Moj Novi Sad

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk