logo
logo
logo

Панди Јани: Посетата на министрите е потврдува дека ние Македонците не сме заборавени

Vecer | 03.07.2025

Панди Јани: Посетата на министрите е потврдува дека ние Македонците не сме заборавени

-Посетата на Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи и Зоран Љутков, министер за култура претставува голема чест за нас Македонците, значаен чекор во унапредувањето на односите и потврдува дека ние Македонците не сме заборавени, објави Панди Јани на Фејсбук.

Додава дека за време на посетата, министрите се запознале со состојбата и животот на македонската заедница во Албанија а разгледале културно-историски знаменитости во областа, која, распослана покрај Преспанското Езеро, изобилува и со  многу природни убавини.

Покрај другото ја посетиле и црквата „Свети Архангел Михаил" каде имале срдечна средба со парохискиот намесник отец Алексо Темелко.

Исто така, присуствуваа и на настани организирани во рамки на јубилејното 20-то издание на манифестацијата „Македонско Културното лето" што се одржува во Пустец, со што дадоа силна поддршка на зачувувањето на македонскиот идентитет, традиција и јазик".

Во име на Македонците тој изразува длабока благодарност за нивното присуство и внимание, како и за понатамошната поддршка и соработка во иднина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk