logo
logo
logo

Паднаа цените за роаминг ПОМЕЃУ дражавите на ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН

Vecer | 03.10.2023

Паднаа цените за роаминг ПОМЕЃУ дражавите на ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН

Започна намалувањето на цените за роаминг меѓу Европската Унија и Западен Балкан, што беше предвидено со декларацијата потпишана на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тирана на 6. декември 2022 година, соопшти Советот за регионална соработка.

Намалувањето на цените за роаминг официјално стапи во сила oд 1. октомври, а горната ценовна граница за еден гигабајт роаминг податоци во специјалните понуди и пакети, согласно Декларацијата за роаминг, не треба да биде повисока од 18 евра, се наведува.

Ова ќе ги направи меѓународните патувања и комуникации значително поекономични, наведува Советот за регионална соработка.

Во многу случаи, ценовното ограничување од 18 евра во специјалните понуди и пакети оди уште пониско, до 1,6 евра за гигабајт, додека три оператори од Западен Балкан - покрај цените во пакетот - ги намалија и редовните цени на топ -up услуги.

Како што е наведено, Декларацијата за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан ги намалува трошоците за мобилни податоци и ја поттикнува регионалната поврзаност.

- Оваа пресвртница доаѓа во време на политички тензии, економски превирања и постојано проширен опсег на климатски промени во регионот, со што се нагласува важноста на регионалната и евроатлантската соработка - рече генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.

Се истакнува дека декларацијата е насочена кон значително намалување на таксите за сообраќај на податоци во роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан. Целта е цената на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан да се доближи до домашните цени до 2028 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk