logo
logo
logo

ПАДНА НА ТАБАНОВЦЕ: Oсуден украинскиот разузнувач фатен со половина милион евра и дијаманти

Vecer | 30.09.2023

ПАДНА НА ТАБАНОВЦЕ: Oсуден украинскиот разузнувач фатен со половина милион евра и дијаманти

Поранешниот украински разузнавач Андриј Наумов (41), кому му се судеше пред Вишиот суд во Ниш за кривично дело перење пари, откако на 7 јуни минатата година се обиде да премине од Србија во  Македонија со возило во кое имало 592.990 евра, 120.000. долари и две смарагди, денеска со првостепената пресуда е осудена на една година затвор.

На Наумов ќе му бидат одземени сите пари, смарагди и автомобилот со кој ја минувал границата, а ќе треба да плати и казна од 200.000 динари. Судот му одреди и пет години забрана за влез во Србија по отслужувањето на казната.

Наумов порано работел во Државното обвинителство, Службата за безбедност на Украина и Државната агенција за Чернобил. Тој ја напушти Украина пред почетокот на војната со Русија, а по апсењето претседателот Володимир Зеленски му го одзеде чинот бригаден генерал и го прогласи за предавник.Украина бара негова екстрадиција за седум различни кривични дела, главно економски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk