logo
logo
logo

ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ ВО ГРЦИЈА, можеме ли да ги платиме летово

Vecer | 22.02.2022

ОВА СЕ НОВИТЕ ЦЕНИ ВО ГРЦИЈА, можеме ли да ги платиме летово

Има поскапувања во Грција, земја каде сезоната ќе почне на 1 март, како што најавија тамошните власти, но граѓаните веќе се интересираат за аранжмани кај јужниот сосед.

Веројатно, новите повисоки цени нема да ги одвратат македонските граѓани од летување во оваа земја. Освен за Грција, интерес има и за одмор во Албанија.

„Би сакала да одговорам за која дестинација надвор од државата има најголем интерес, тоа секако се Албанија и Грција. Точно е дека оваа година на глобално ниво се повисоки цените на туристичките услуги, особено кај нашиот западен и јужен сосед, но и покрај тоа веќе има заинтересираност за истите кај нашите патници.

Со оглед на неизвесноста во ова време би вовеле еден нов почеток и нормален тек на активностите во туристичкиот сектор за вршење на оваа дејност, бидејќи за жал се соочивме со големи потешкотии кои ни оставија последица во туризмот.

Ги следиме и мерките и насоките и свесни сме за важноста на информирањето за моменталната состојба во туризмот, особено сега кога сме на прагот на пролетната и летната туристичка сезона која не може да ја опише радоста на туристите за туристичките аранжмани“, вели Ивона Софијанова Милосављевиќ, директорот на ТА Камелија Турс, која воедно е дел од Кабинетот за Туризам при СКЕМ.

Таа се надева дека по долгиот период на застој, туризмот ќе се нормализира.

„Кога говориме за туризмот во услови кога се уште сме во пандемија, но со надеж за излез од неа и враќање во нормала во 2022 година ќе ни треба еден нов почеток и нормален тек на активностите во туристичкиот сектор за откривање на нови дестинации како incoming / outgoing туризам.

Но, пополека се наближуваме кон крајот на пандемијата, како што увидуваме повеќе европски земји ги укинаа Ковид-19 мерките, како и сертификатите и се доближуваме до посакуваната нормала пред пандемијата и во оваа насока веќе граѓаните на РСМ почнуваат да ги бараат постоечките дестинации како што се Грција, Албанија, Хургада, Турција и Египет.

За подалечните дестинации, за жал побарувачката е драстично намалена. Во делот на incoming, веќе се најавени првите групи на странски туристи кои започнуваат од 01.04.2022 и веќе се направени резервации за нашиот бисер на Балканот-Охрид. Тоа се туристи од Турција, Велика Британија, САД и Австралија и други“, вели Софијанова Милосављевиќ.

Грција ги зголеми цените, а поскапувањето се должи на цените на енергенсите. Така, во просек сместувањето во апартмани во Грција е поскапо за 15 отсто, а во хотелите за 20 отсто.

Зголемени се цените за кафе, лежалки, гиро. Грција е земја чија економија пак зависи од туризмот. Во 2019 година, Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, покажаа податоците кои ги објави Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси. Во вкупниот дојдовен туризам во Грција, Македонија тогаш беше на 27-то место.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk