logo
logo
logo

Откриени над 200 украдени возила во Грција во рамките на европска операција за борба против организираниот криминал

Vecer | 19.11.2025

Откриени над 200 украдени возила во Грција во рамките на европска операција за борба против организираниот криминал

Вкупно 231 украдено или возило со фалсификувани податоци и документи, било откриено во Грција во рамките на заедничката европска операција со учество на 23 земји меѓу кои и нашата за борба против организираниот криминал што таргетира кражби на возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека заедничката оперативна акција „Joint Action Day (JAD) Mobile 8“ била спроведена во периодот од 20 до 31 октомври 2025, под координација на FRONTEX, во соработка со грчките, германските, шпанските и полските власти, со учество на полицајци од ЕУ и трети земји, а низ цела Европа биле откриени вкупно 462 украдени или фалсификувани возила, двојно повеќе од лани, а половина од пронајдените возила се во Грција.

На грчка територија биле спроведени интензивни контроли на возила и лица, како на надворешните граници на земјата, така и во внатрешноста, односно во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун, Килкис, во регионите Фтиотида и Тракија и на трите гранични премини со Албанија.

Биле проверени вкупно 6.548 возила (1.263 повеќе од лани), од кои 231 било украдено или со фалсификувани податоци (57 повеќе од лани), дополнително биле уапсени 84 нелегални мигранти од различни националности и 21 криумчар.

Во акцијата учествуваа и држави од Европската унија, меѓу кои: Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Холандија, Италија, Летонија, Литванија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија и Шведска, трети земји, односно Албанија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Србија и Швајцарија, како и Еуропол и Интерпол. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk