logo
logo
logo

Осум дена беснее пожар во подрачјето на албанскиот град Фиер

Vecer | 03.10.2023

Осум дена беснее пожар во подрачјето на албанскиот град Фиер

Осум дена беснее пожар во шумски масив, во атарот на Пише Поро и Дарезезе кај албанскиот град Фиер, а во гаснењето се вклучени и грчките авиони „Канадер“.

Покрај интервенцијата од воздух, во гаснењето на пожарот се вклучени 500 пожарникари, 120 припадници на армијата како и 30 противпожарни возила.

-Ова е најпроблематичен и најхаотичен пожар со кој сме се соочиле досега. Благодарност до Грција за помошта што ни ја пружи со испраќање на два авиони канадер. Засега нема опасност по населените места но ако е потребно ќе наредиме евакуација на населението, рече министерот за одбрана Нико Пелеши.

Албанската Агенција за цивилна заштита, во рамки на европскиот механизам за цивилна заштита, каде Албанија членува од минатата година, во неделата побара од Грција помош на што властите на оваа земја одговорја позитивно. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk