logo
logo
logo

Општина Пустец на Меѓународниот саем за туризам „Филоксенија“ во Солун

Vecer | 17.11.2024

Општина Пустец на Меѓународниот саем за туризам „Филоксенија“ во Солун

- Ова е наше второ учество на оваа значајна манифестација, на која нашиот штанд побудува се поголем интерес а со тоа и посетеноста на странските туристи кај нас е се поголем. Ги презентираме туристичките пакети, промовирајќи ги дестинациите од општината кои се многубројни, рече за МИА, Пали Колефски, градоначалник на Пустец.

Познато е, додава, дека нашата општина има голем број туристички атракции кои треба секој да ги посети.

- Природата ни дарила многу богатства и убавини кои ги надополнуваат културно- историските споменици и божји храмови, што ни ги оставиле во наследство вредните раце на мајсторите. Кој ја посетил оваа област посакал повторно да дојде. Порачувам дека добредојдени се сите, посочува Колефски.

Вели дека на саемот учествувале три дена каде имале одлична можност да ја промовираат, како што вели, нашата прекрасна Преспа. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk