logo
logo
logo

Општина Атина ги отстранува телефонските говорници

Vecer | 18.08.2025

Општина Атина ги отстранува телефонските говорници

Крај на една ера за напуштените телефонски говорници во Атина, напиша атинскиот градоначалник Харис Дукас на социјалните мрежи, информирајќи дека општината започнала да ги отстранува телефонските говорници во грчката метропола, кои се нефункционални и оштетени.

Од општина Атина соопштија дека досега биле постепено отстранети 63 говорници, до крајот на месецов се очекува да се отстранат уште 24, а дополнителни 67 отстранувања ќе следат до октомври.

Додадоа дека со години, десетици телефонски говорници се неактивни во различни делови од градот, без функционална употреба, влошувајќи ја сликата на јавниот простор и создавајќи пречки за пешаците и лицата со попреченост, но и дека се извори на загадување и причина за несреќи.

-Отстранивме 63 напуштени телефонски говорници од тротоарите во градот, кои беа пречки за пешаците, лицата со попреченост и извори на загадување, напиша Дукас на социјалните мрежи.

Целта според општина Атина е да се подобри сликата на градот и јавниот простор да биде достапен за сите. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk