logo
logo
logo

Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент

Vecer | 05.03.2025

Опозицијата во српскиот парламент ја бојкотира денешната седница по вчерашниот инцидент

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави за телевизијата „Пинк“ дека сите три пратенички се во стабилна состојба, вклучувајќи ја и жената која претрпе мозочен удар, како и бремената пратеничка во осмиот месец, чија состојба и состојбата на нејзиното бебе се добри.

Полицијата рано утрово ја пребара пленарната сала на Народното собрание по дојава за поставена експлозивна направа, но ништо сомнително не беше пронајдено.

Денешниот дневен ред на парламентот содржи околу 70 точки, вклучително и констатирање на оставката на Владата. Премиерот во оставка Милош Вучевиќ ја поднесе својата оставка на 28 јануари, како одговор на масовните протести што бараа одговорност за трагедијата во Нови Сад, каде што на 1 ноември минатата година, при уривање на бетонската настрешница на железничката станица, загинаа 15 лица.

Опозициските партии сметаат дека Владата во оставка нема легитимитет да носи нови закони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk