На Инстаграм се појави, најблаго кажано, вознемирувачко видео, снимено во Белград, а кое го поставува прашањето - како ли ова им паднало на памет? Видеото доаѓа од соседството, но не значи дека треба да се игнорира и треба да служи како ОПОМЕНА за сите кои ќе го погледнат.
Имено, во него се гледаат две деца кои се „закачиле“ за задниот дел од автобус и така „виселе“ додека возилото било во движење. Не е познато колку долго се возеле така, но јасно е дека ниту возачот ги видел или можел да ги види, ниту тие многу размислувале за можните последици.
Ним очигледно целата ситуација им била смешна, а така е затоа што, веројатно, ниту сега се свесни што можело да им се случи.
Се поставува прашањето кој би бил одговорен доколку нешто се случело и зошто луѓето наместо да снимаат и да се „крстат“ не го запреле возилото или не повикале полиција?!
Погледнете:
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата