logo
logo
logo

Олимпискиот стадион во Атина ќе остане затворен на неодредено време

Vecer | 03.10.2023

Олимпискиот стадион во Атина ќе остане затворен на неодредено време

 Поради проблемите со статичноста на металните конструкции на кровот, Олимпискиот стадион во Атина ќе остане затворен на неодредено време, а надлежниот министер за спорт на Грција Јанис Вруцис, единствено за велосипедската патека соопшти дека ќе се отвори во текот на 2024 година, јави дописничката на МИА од Атина. 

Вруцис најави 10 милиони евра за надградба на спортските објекти во земјата и дополнителни 3,5 милиони евра за зајакнување на буџетот на стадионот, меѓутоа не се осврна конкретно кога повторно ќе биде отворен.

Соопшти дека државата ќе им помогне на клубовите кои ги користат затворените спортски објекти за тренинзи и натпревари.

Олимпискиот стадион во Атина (ОАКА) беше изграден за Олимпијадата во 2004 година, а во петокот вечерта, од безбедносни причини, поради проблемите со статичноста на металните конструкции на кровот, беше привремено затворен за секакви активности, заедно со велосипедската патека.

Освен спортски натпревари, на најголемиот стадион во Грција се одржуваат и концерти и разни манифестации. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk