logo
logo
logo

Одземен претседателскиот мандат на Милорад Додик, според ЦИК нема повеќе да биде претседател на Република Српска!

Vecer | 06.08.2025

Одземен претседателскиот мандат на Милорад Додик, според ЦИК нема повеќе да биде претседател на Република Српска!

Централната изборна комисија на БиХ ја започна 39. седница на која, меѓу другото, расправаше за одземање на мандатот на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, кој минатата недела беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење службена должност.

Централната изборна комисија на БиХ постапи по пресудата на Судот на БиХ и во согласност со Изборниот закон на БиХ му го одзеде мандатот на претседателот на РС, Милорад Додик.

Одлуката, како што наведуваат, е донесена едногласно од сите членови на ЦИК.

Како што беше претходно најавено, ќе биде оставен рок за жалби, а потоа се очекува распишување на предвремени избори во рок од 90 дена, што значи дека Милорад Додик повеќе нема да биде претседател на Република Српска.

Милорад Додик се огласи по одлуката на ЦИК да му го одземе мандатот.

– Уште едно с***е од Сараево. Последно – напиша Милорад Додик на социјалната мрежа Икс.

 

Зошто му беше одземен мандатот и изречена пресуда на Милорад Додик?

Проблемите на Милорад Додик започнаа уште во 2023 година кога Народното собрание на Република Српска усвои закон според кој одлуките на високиот претставник во БиХ нема да се објавуваат во Службениот гласник на РС, ниту ќе се спроведуваат во Република Српска. Наскоро потоа, високиот претставник Кристијан Шмит го поништи тој закон, но Додик не го почитуваше тоа и го потпиша указот за прогласување на законот.

Во меѓувреме, високиот претставник го измени и Кривичниот закон на БиХ, според кој неспроведувањето на одлуките на високиот претставник претставува кривично дело. Имајќи предвид дека Додик ги игнорираше сите овие одлуки, Обвинителството подигна обвинение против него и против директорот на Службениот гласник на РС, Милош Лукиќ.

Извор: Блиц

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk