logo
logo
logo

Одржан нов круг од разговорите за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција

Vecer | 24.10.2025

Одржан нов круг од разговорите за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција

За време на средбата, двете страни направија детален преглед на претходно договорените мерки за градење доверба за 2025 година и разговараа за рамката за нивна примена во 2026 година, соопштија од грчкото Министерство за национална одбрана за новиот круг разговори за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата на двете делегации се одржа во Измир, домаќин беше Министерството за одбрана на Турција, а разговорите поминале во позитивна клима, додека пак следниот круг ќе биде во Грција.

Грчката делегација ја предводи амбасадорот Теохарис Лалакос, турската заменик-министерот за надворешни работи Мехмет Кемал Бозај, а делегациите ги сочинуваат амбасадори, високи воени офицери и други функционери од Грција и Турција.

Претходната средба за мерките за градење доверба се одржа на крајот на април годинава во Солун. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk