Претседателот на Србија Александар Вучиќ при своето обраќање до медиумите, по средбата со престолонаследникот на Абу Даби Шеикот Калед бин Мохамед бин Зајед Ал Нахјан и премиерот на Унгарија Виктор Орбан ги споменаа и мерките против Србија од страна на Америка.
Претседателот на Србија рече и дека американскиот секретар зборувал и за можни мерки против Србија „ако не се однесуваме соодветно“.
-Вие сте голема земја, велесила, ваше е да го правите она што мислите дека морате, јас сум целосно против тоа и мислам дека е многу лошо, но има работи на кои треба да се држиме, а тоа е прво и основно вистина – рече Вучиќ.
- Не се вистина наводите за српските сили долж административната граница, не се ни половина од тие кои ги имавме пред 2-3 месеци. Невистини се и тврдењата за највисок степен на борбена готовност на нашите сили, бидејќи јас такво нешто немам потпишано и не е точно. Се согласивме со Блинкен за неколку работи, но за неколку и не се согласивме. Се согласивме за поголемо присуство на КФОР, но не се согласивме за природата на она што се случи на КиМ. Имаме докази дека најмалку едно, а можно е две лица да се ладнокрвно ликвидирани кога не се ликвидирани во борба, туку само ранети, биле живи, се предале и потоа од блиско растојание се ликвидирани. Не се согласив дека тоа било перфектно направена акција и поставив прашање зошто ЕУЛЕКС е одбиен да биде на Северот, изјави Вучиќ.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ ја истакнал важноста од деескалација на тензиите со Приштина, по неодамнешните сцени на насилство и смртта на припадниците на косовската полиција.
- Зборував со претседателот Вучиќ со цел да ја истакнам потребата од итна деескалација на тензиите со Косово и да ги повикам на одговорност оние кои извршија неодамнешни насилни напади. Ја истакнав и важноста од целосно спроведување на обврските во рамките на дијалогот што го води ЕУ – напиша Блинкен на својата сметка на мрежата Х.
Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер објави дека Блинкен во разговор со Вучиќ рекол дека инцидентите како оној во селото Бањска претставуваат неприфатливи предизвици за мировните сили на КФОР и меѓународната заедница.
Блинкен нагласил дека одговорните за нападите кои сега се во Србија мора да одговараат, се нагласува во соопштението.
Тој ја изразил својата поддршка за акциите на КФОР и ЕУЛЕКС во одговорот на овој настан, истакнувајќи дека инцидентите како оние во близина на манастирот Бањска претставуваат неприфатливи предизвици за КФОР и меѓународната заедница и го поздрави зголеменото присуство на КФОР и одлуката на Северно-Атланскиот Совет да одобри испраќање дополнителни сили.
На прес-конференцијата Милер додаде дека Блинкен разговарал за „важноста од преземање итни чекори за намалување на тензиите со Косово по насилството на 24 септември и убиството на наредникот на косовската полиција“.
Според портпаролот, американскиот државен секретар истакнал дека одговорните за нападите треба да одговараат и го поздрави зголеменото присуство на КФОР и одлуката на НАТО да одобри испраќање дополнителни сили на Косово, објави Гласот на Америка на албански јазик.
https://vecer.mk/balkan/belata-kukja-bara-povlekuvanje-na-srpskata-vojska-dolzh-administrativnata-linija-so-kosovo/
https://vecer.mk/balkan/vuchikj-se-soglasiv-so-blinken-deka-e-potrebna-posilna-uloga-na-kfor-na-severot-na-kosovo/
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата