logo
logo
logo

Од денеска повторно железнички сообраќај на делницата Солун – Поликастро – Идомени

Vecer | 26.02.2025

Од денеска повторно железнички сообраќај на делницата Солун – Поликастро – Идомени

Поради тековните работи на реконструкција на инфраструктурата, во периодот од четврток  (27 февруари) од 18:00 часот до вторник (4 март) во 07:30 часот, овој дел од пругата, се вели во соопштението, ќе биде подложен на дополнителни градежни активности.

Во овој период, железничкиот сообраќај ќе биде дозволен исклучиво со дизел локомотиви, и тоа во следните термини:

- Од 26 февруари (19:00 часот) до 27 февруари (06:30 часот).

- Од 27 февруари (19:00 часот) до 4 март (06:30 часот).

- Почнувајќи од 4 март (19:00 часот), сообраќајот ќе се одвива секој ден од 19:00 до 06:30 часот, до следно известување.

Останува на сила целосна забрана за железнички сообраќај на делот Поликастро – Идомени (км 58+010 до км 75+500) сè до дополнително известување.

- Грчките железници апелираат до сите железнички оператори и машиновозачи стрикно да ги почитуваат пропишаните ограничувања на брзината на оваа делница за да се осигура безбедноста на патниците и товарниот транспорт, се наведува во соопштението од Железници на Република Македонија  Транспорт-АД Скопје. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk