logo
logo
logo

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Vecer | 11.09.2025

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната година, а се применува од 1 јануари следната година.

Во однос на минималната плата во 2024 година, која изнесуваше 404 евра, ова е зголемување од 36 проценти.

Во претходните денови, преговорите за зголемување на минималната цена на трудот ги водеа претставници на Владата на Србија и репрезентативните синдикати.

Предлогот на Владата беше „минималната плата“ од 1 јануари 2026 година да изнесува 550 евра, синдикатите побараа 600 евра, додека работодавачите се залагаа таа да не биде повисока од 500 евра.

На последниот состанок, одржан на 9 септември, не беше постигнат договор за процентот на зголемување, па Владата ја донесе конечната одлука два дена подоцна.

Новиот минимум е за 75 евра повисок од минималната потрошувачка кошничка пресметана за мај.

На почетокот на септември, Владата на Србија ги ограничи маржите на трговските синџири за околу 3.000 производи со цел да се ублажи влијанието на зголемувањето на цените, пред сè на храната, врз буџетот на домаќинствата на српските граѓани.

Дел од експертите оценуваат дека тој потег како маркетиншки трик, без значајни и долгорочни ефекти врз куповната моќ на населението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk