logo
logo
logo

Од 1 април минималната плата во Грција се зголемува на 880 евра

Vecer | 26.03.2025

Од 1 април минималната плата во Грција се зголемува на 880 евра

Мицотакис потсети дека ова е петто зголемување на минималната плата откако Нова демократија дојде на власт во 2019 година кога беше 650 евра, а истакна дека новото зголемување е уште еден чекор кон поставената цел во 2027 година, кога завршува владиниот мандат, минималната плата да изнесува од 950 евра.

Тој дополнително објасни дека со зголемувањето ќе се зголемат и низа додатоци, но и посочи дека вкупното бруто зголемување во однос на 2019 година достигнува 2.735 евра годишно.

- Со други зборови, речиси пет нето плати од минатото, додека годишната нето-добивка на вработениот сега ќе се приближи речиси до дополнителна плата во однос на лани. Оваа мерка се однесува на 570 илјади вработени во приватниот сектор, но како што рековме, повлекува и 600 илјади вработени во јавниот сектор и секако се однесува и на оние кои примаат додатоци за породилно, брак, невработеност, рече Мицотакис.

Тој нагласи дека оваа одлука ја става Грција на 11-то место меѓу 22 европски земји кои имаат воведено минимална плата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk