logo
logo
logo

Нови предвремени парламентарни избори во Косово на 28-ми декември

Vecer | 21.11.2025

Нови предвремени парламентарни избори во Косово на 28-ми декември

Одлуката денеска ја соопшти претседателката Вјоса Османи во Приштина, по што официјално го распушти парламентот избран во февруари.

Распуштањето следува откако привремениот премиер Албин Курти и претседателот на парламентот Глаук Коњуфца – двајцата од Движењето Самоопределување – не успеаја да обезбедат мнозинство за составување влада. Иако Самоопределување, партија со прозападна ориентација предводена од Курти, излезе како најголема политичка сила на изборите, сепак не беше во можност да формира функционално парламентарно мнозинство.

Од тогаш, новиот состав на парламентот беше во целосен застој и не успеа ниту да избере сопствено раководство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk