logo
logo
logo

Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина во Брисел

Vecer | 02.06.2025

Нова рунда од дијалогот Белград-Приштина во Брисел

Во Брисел денеска и утре ќе се одржи нова рудна преговори во рамки на дијалогот Белград-Приштина, што се води со посредство на ЕУ, на ниво на главни преговарачи, информира денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар ел Ануни. 

Тој додаде дека од косовска страна на денешните разговори ќе присуствува првиот заменик премиер Бесник Бислими, додека, како што рече, Србите ќе пристигнат утре. 

- Би се воздржал од навлегување во какви било информации или предвидувања до што би можело да доведат овие разговори, изјави Ел Ануни во одговор на новинарско прашање што очекува ЕУ од оваа рунда од дијалогот, во услови кога се уште не е формирана нова влада во Косово, која би била одговорна за спроведување на евентуален договор. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk